Илон Маск стана четврт најбогат човек во светот

Објавено на 21.08.2020 во Новости



Илон Маск стана четврт најбогат човек во светот

Во ова време и невреме на глобална здравствена и финансиска криза, Tesla Inc. е една од најпрофитабилните компании за третиот квартал во 2020 година. Илон Маск сега е четвртиот најбогат човек во светот, после неверојатниот висок скок на акциите на Tesla за над 300%, при што Маск сега има богатство вредно 85 милијарди долари.

Акциите на Tesla скокнаа за над 11%, со што се зголеми нето вредноста на компанијата за речиси 8 милијарди долари. Со нето вредност од 84,8 милијарди долари, Маск е веднаш зад Марк Цукерберг, Бил Гејтс и Џеф Безос.