Tesla развива сензори што препознаваат кога детето е ставено во врел автомобил

Објавено на 22.08.2020 во Новости



Tesla развива сензори што препознаваат кога детето е ставено во врел автомобил

Во САД веќе над 50 деца се починати откако се оставени во врел автомобил во 2018 и 2019 година, а таков несреќен случај може да се случи и било каде на друго место. Tesla размислува како може да се спречи оваа трагедија.

Моментално се работи на сензор за препознавање на движењата што би го препознале детето оставено во врел автомобил, и, се разбира, да реагираат на таквата ситуација со тоа што ќе биде предупреден сопственикот на возилото. Сензорот се базира на радарско препознавање на предметот и лицата што би препознал дали детето седи на задното седиште, и може да препознае мали движења како што се отчукувањата на срцето и може да разликува дете од предмети оставени на задното седиште.