Huawei го спрема новиот десктоп компјутер Qingyun W510

Објавено на 23.08.2020 во Новости



Huawei го спрема новиот десктоп компјутер Qingyun W510

Huawei планира да го претстави првиот десктоп компјутер со кодно име Qingyun W510. Foxconn ќе биде производителот на уредот, за кого веќе се појавија и рендери. На сликите може да се види дека излегува комплет со монитор, глувче и тастатура. 

Персоналниот компјутер на кинескиот бренд на почетокот ќе биде наменет за работа во државните служби во Кина, а се разбира и во приватните компании. Нема да може да инсталирате Windows, туку само UOS оперативен систем.

Под хауба има 7-нанометарски Kupeng 920 3211K процесор со 24 процесорски јадра со 2,6GHz, кои нема да може да се менуваат. Куќиштето е компактно и содржи три USB влезови од Type A, LAN приклучок, VGA приклучок и приклучок за слушалки. 

Автор: Aleksandar Stankov