Samsung Galaxy Note20 и Note20 Ultra – моќни перформанси на дланка

Објавено на 31.08.2020 во Новости



Samsung Galaxy Note20 и Note20 Ultra – моќни перформанси на дланка

За време на својот прв виртуелен настан на почетокот на август, компанијата Samsung, на светската јавност претстави повеќе нови уреди како што се таблетите Galaxy Tab S7 | S7+, новиот Galaxy Watch3 паметен часовник, Samsung Galaxy Z Fold2 на преклоп, кој е уште подобрен од својот претходник.

Но секако на оваа виртуелна презентација, која се следеше онлајн од скоро секој дел од светот, како вистински “шлаг на тортата” беше претставенa и најмногу очекуваната мобилна иновација на јужнокорејскиот гигант- новите смартфони од Galaxy Note20 серијата: Samsung Galaxy Note20 Ultra и Samsung Galaxy Note20.

Новите премиум модели имаат AMOLED дисплеи со дијагонала од 6,9 инчи (edge Quad HD+ Dynamic AMOLED 2X) и 6,7 инчи (flat FHD+ Super AMOLED Plus), при што помоќниот Ultra модел има освежување на екранот од 120Hz.Боите на екранот на Samsung Galaxy Note20 Ultra моделот се навистина реални и “живи”, дури и кога сте под силна сончева светлина надвор, а нема ниту да почувствувате замор во очите – нешто кое е дополнителна придобивка.

Уредите ги покренува најмоќниот Samsung процесор досега, а доаѓаат и со 8GB RAM со 256GB внатрешна меморија кај Note20 или 256GB/512GB кај Note20 Ultra моделот, доволни да ги задоволат потребите на сите категории на корисници, кои сакаат своите омилени содржини да ги имаат при рака.

Новите премиум телефони на Samsung се напојуваат со батерии од 4.500 и 4.300mAh, со можност за брзо полнење со полнач од 25W и со подобрена брзина на безжичното полнење со помош на Fast Wireless Charging 2.0, па така познатите грижи за немање доволно батерија ќе станат минато.

Уредите се опремени со системи од по три задни камери и една предна 10MP Selfie камера и кај двата модели, при што Note20 Ultra доаѓа со главна широкоаголна камера од 108MP, перископска телефото камера од 12MP, со ултраширока камера од 12MP. Note20 има 12MP широкоаголна камера, 64MP телефото камера и ултраширока камера од 12MP. Сопредната селфи камераи кај двата модели, опремени со широкоаголни сензори од 10MP, можете да ги направите најдобрите селфи фотографии. Со Galaxy Note20 серијата секој нов корисник на еден од овие модели има шанса да фотографира како професионалец, со помош на 5X оптичкиот зум кај Ultra моделот и 3X хибридниот оптички зум кај Galaxy Note20 моделот. Сега секој момент можете да го "фатите" навистина одблизу, а со оваа серија на паметни телефони со сигурност нема да изгубите ните еден важен детаљ, благодарение на Zoom-от со супер резолуција, кој е подобрен со вештачка интелигенција и со кој може да се зумира 30 пати кај Galaxy Note20 моделот или 50 пати повеќе кај Galaxy Note20 Ultra моделот.

8K опцијата овозможува пак да снимате со филмски квалитет – моќниот Pro Video режим нуди неверојатни опции со кои можете да правите видео записи од 120fps и тоа во FHD резолуција. А како дополнителен бонус, со помош на новите Galaxy Buds Live слушалки, постои можност да се снима совршено чист звук, без позадински шум.

Заштитниот знак на Galaxy Note серијата на телефони е секако S Pen пенкалцето, кое кај Note20 серијата е дополнително подобрено и попрецизно со новите опции кои ги нуди, што ги прави покорисни и полесни за користење и самите апликации. Она што Samsung посебно го истакнува е соработката со Microsoft, со која на Galaxy Note20 серијата ѝовозможува нови опции преку Link to Windows опциите, кои на корисниците им овозможува поврзување, подобра интеграција и меѓусебно користење на апликациите меѓу телефоните и компјутерите со Windows 10 оперативниот систем.

Тука е можноста за играње на омилените игри од компјутерот и Xbox конзолите на телефоните, благодарение на Xbox Game Pass Ultimate сервисот, кој на корисниците им нуди пристап кон базата од над 100 популарни видео игри.

И покрај другите нови претставениуреди, целото внимание на љубителите на смартфоните е најмногу свртено кон одличните предности на Galaxy Note20 серијата, која со своите карактеристики ги задоволува потребите на модерните корисници на паметни телефони.