Бил Гејтс: Му бев љубоморен на Стив Џобс, тој е генијалец

Објавено на 24.08.2020 во Новости



Бил Гејтс: Му бев љубоморен на Стив Џобс, тој е генијалец

Бил Гејтс, основачот на Microsoft и еден од најбогатите луѓе на планетата, во интервју истакна дека му се восхитувал на Стив Џобс, основачот на Apple на кого му бил до одредена доза и љубоморен сметајќи дека е генијалец. 

„Џобс беше генијалец, особено ако земеме предвид сè што направи кога се врати во Apple… никој не можеше да го стори она што го направи тој. Јас сигурно не“, призна Гејтс.

Гејтс говореше и за феноменот на ѕвезди помеѓу претпримачите од светот на технологијата и дека се уште не може да се навикне на таков вид на внимание. Исто така смета дека Владата мора да врши построг надзор над технолошките компании. 

„Ако сте успешни како што сум јас или некој од тие луѓе, заслужувате тешки, непристојни и нечесни прашања“, изјави основачот на Microsoft, пренесе The Verge, додавајќи:

„Владата заслужува да ти постави тешки прашања “.

За време на разговорот, Гејтс зборуваше и за вакцините и за почетоците на Microsoft, како и за животот како еден вид „ѕвезда“ и рече дека идејата за техно претприемачи кои се познати и популарни во модерната култура не е нешто на кое е навикнат.

„Да се ​​биде бубалица во еден момент и не толку склони кон социјализација, за да набрзо после тоа бидеме бомбардирани со прашања, е прилично изненадувачка промена“, рече Гејтс.

 





Прочитајте повеќе: