Samsung направи тактичка воена верзија на Galaxy S20

Објавено на 25.08.2020 во Новости



Samsung направи тактичка воена верзија на Galaxy S20

Фамилијата на Galaxy S20 доби нов член во семејството, кој се нарекува Galaxy S20 TE (Tactical Edition). Станува збор за верзија на смартфон дизајниран специјално за американската војска со Android OS, кој ќе се интегрира со податоците што пристигнуваат со воени дронови, радија и GPS.

Секој аспект на Galaxy S20 TE е дизајниран за максимална практичност при употреба, а за разлика од цивилните верзии, овој мобилен има подобрена двостепенска заштита на податоците и можност за комуникација надвор од мрежата. Војниците може да го користат без слекување на своите тактички ракавици.Мобилниот е достапен само во САД.