TikTok војува со Трамп, а Apple морал да интервенира

Објавено на 25.08.2020 во Новости



TikTok војува со Трамп, а Apple морал да интервенира

Лути поради потегот на Трамп против TikTok, корисниците во App Store оставале лоши критики за официјалната апликација за претседателските избори на Трамп. Лоши критики имало толку многу, што Apple во еден момент морал да ги ресетира сите коментари.

Коментарите означени со една ѕвездичка најчесто спомнувале дека апликацијата на Трамп е преполна со грешки, но и дека краде лични податоци. Токму последната критика е одговор за обвинувањата на Трамп дека TikTok ги проследува личните податоци до кинеските власти. Бројот на негативни критки во еден момент скокна од 20.500 на 216.500 и тоа за само два дена. Откако Apple ги ресетирал проценките, апликацијата на Трамп моментално се проценува со 3,8 ѕвездички.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: