Tesla ќе го нападне Volkswagen ID 3 со нов модел

Објавено на 25.08.2020 во Новости



Tesla ќе го нападне Volkswagen ID 3 со нов модел

Елон Маск им ги откри на инвеститорите новите планови за следната верзија на Tesla Model 3 кој ќе биде електричен автомобил наменет пред се за вкусот на европските купувачи.

Идејата на Маск е следната година да започне со производството на новиот Model 3 за средната класа кој ќе биде главен конкурент на Volkswagen ID 3 и со цена и со перформанси.

Според најавите постои можност новиот Tesla model 3 да се произведува и во Германија.