Nokia 8.3 5G конечно ќе влезе во продажба?

Објавено на 25.08.2020 во Новости



Nokia 8.3 5G конечно ќе влезе во продажба?

HMD Global е еден од мобилните брендови кој најмногу ги промени плановите поради кризата предизвикана од корона вирусот. Затоа и од март наваму се уште не е пуштен во продажба најавениот смартфон Nokia 8.3 5G.

Според најновите информации Nokia 8.3 5G веќе е подготвен да влезе во продажба преку британскиот мобилен оператор Clove и тоа по цена од околу 500 фунти.

Тоа што исто така делува демотивирачки е што Nokia 8.3 5G би бил достапен за корисниците дури на почетокот на октомври што значи дека ќе треба да се чека повеќе од еден месец.