Ако Трамп го забрани WeChat, американските компании во Кина ќе настрадаат

Објавено на 26.08.2020 во Новости



Ако Трамп го забрани WeChat, американските компании во Кина ќе настрадаат

Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја забрани кинеската апликација WeChat во САД, наиде на негодување од милиони корисници, но предизвика и главоболка на бројни американски компании што работат на кинески пазар.

Според извршната одредба што Трамп ја потпиша, сите американски компании и граѓани не смеат на ниту еден начин да работат со WeChat. Причината за овој потег е дека WeChat претставува ризик за националната безбедност, оти ги собира корисничките податоци, кон кои има пристап и Комунистичката партија.