Следниот Sony Xperia 5G предводник протече во целост

Објавено на 26.08.2020 во Новости



Следниот Sony Xperia 5G предводник протече во целост

Xperia 5 беше претставен на IFA 2019, а пред IFA 2020 излезе дека Sony работи на втората генерација Xperia 5 II кој сега е целосно откриен од Иван Блес. Xperia 5 II има сличен изглед како Xperia 1 II. 

Sony Xperia 5 II како и неговиот претходник е дизајниран врз база на постариот брат Xperia 1 II. Sony ставил овде 6.1-инчен екран со минимални рамки, тројна задна камера со ZEISS оптика: главна камера од 12MP f/1.7, плус 12MP 3x телефото зум и 12MP ултра-широка леќа со прегледност од 124 степени. 

Sony најверојатно ќе го открие Xperia 5 II следната недела на IFA 2020. Ако тоа не се случи, најверојатно ќе го открие до крајот на септември, а најверојатно нема да биде достапен за купување до октомври. Цената се очекува да биде околу 1000 долари.