Apple само од гејминг заработил 22,2 милијарди долари

Објавено на 26.08.2020 во Новости



Apple само од гејминг заработил 22,2 милијарди долари

За само половина година, односно до 30 јуни 2020, Apple преку гејминг содржините во продавницата App Store успеал да собере неверојатни приходи од дури 22,2 милијарди долари.

Станува збор за раст од импресивни 23% споредено со приходите од истиот период лани. Овие бројки се поклопуваат со периодот на карантин кога избувна корона вирусот и беше прогласена пандемија на светско ниво.

Apple исто така успеал да го победи Google кој за првите шест месеци од годинава накнижил 14,6 милијарди долари.

Предноста на Android е тоа што преку Google Play се направени 22,8 милијарди инсталации на мобилни игри, а преку App Store биле инсталирани 5,7 милијарди видео игри за смартфон и таблет. 





Прочитајте повеќе: