Шефот на TikTok си поднесе оставка по жестокиот притисок од Трамп

Објавено на 27.08.2020 во Новости



Шефот на TikTok си поднесе оставка по жестокиот притисок од Трамп

Кевин Мајер, главниот извршен директор на TikTok наведувајќи го политичкиот амбиент со кој е соочена компанијата, одлучи да си поднесе оставка од челната позиција.

Мајер од Disney премина во Bytedance компанијата која го управува сервисот за кратко видеа со музика на смартфони.

Сметајќи дека не може да влијае на политичкиот притисок наметнат од американскиот претседател Доналд Трамп, според него најдбро е да се повлече од функцијата.

Трамп бара TikTok да биде продаден на американска корпорација за да не добие забрана за работа во САД.

Ако Microsoft или Oracle го преземат TikTok секако би го замениле Мајер со сопствено решение како главен извршен директор.