Веќе стариот но, добар Xiaomi Mi Mix 3 со голема надградба

Објавено на 28.08.2020 во Новости



Веќе стариот но, добар Xiaomi Mi Mix 3 со голема надградба

Xiaomi покажа дека се грижи и за постарите смартфони од високите класи. Сега успеа да го надгради Xiaomi Mi Mid 3 моделот со најновата верзија на корисничкиот интерфејс MiUI 12 со сите новитети.

Корисниците на Xiaomi Mi Mix 3 сега ќе може да активираат Dark Mode низ сите софтверски менија, подобрена е апликацијата за камерата, има подобар систем на нотификации и гестови за навигација.

Исто така воведена е и најновата безбедносна надградба за Xiaomi Mi Mix 3 да биде заштитен од последните хакерски и малвер закани.

Автор: Aleksandar Stankov