Кинезите ги расипаа плановите на Трамп за продажбата на TikTok

Објавено на 31.08.2020 во Новости



Кинезите ги расипаа плановите на Трамп за продажбата на TikTok

Кина со еден потег ја помати водата за да ги расипе американските планови за преземањето на TikTok. Кинеската влада ја ревидирала листата на технологии што не смеат да се извезуваат, односно за кои е потребна посебна дозвола за извоз. Меѓу нив е и технологијата што ја користи ByteDance за својот TikTok.

Со тоа кинеската влада ја забрани индиректно продажбата на американската подружница на TikTok без нивна дозвола и контрирала на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп според која ByteDance мора да ја продаде својата американска подружница на TikTok или да се соочи со забрана на апликацијата во САД.