Xiaomi ќе има невидлива селфи камера

Објавено на 31.08.2020 во Новости



Xiaomi ќе има невидлива селфи камера

Xiaomi ги откри првите планови за развој на третата генерација на вградени селфи камери во самиот дисплеј на смартфонот кои практично ќе бидат невидливи.

Досега брендовите како Xiaomi креираа повеќе решенија со минимален зафат на екранот за сместување на камерата кој сепак одземаше простор од видното поле.

Второ решение е со pop-up моторизирана селфи камера која се извлекува од горната страна на смартфонот, но има повеќе ограничување како на пример можност за расипување на механизмот.

Првите смартфони со вградена селфи камера во самиот дисплеј која е речиси невидлива ги очекуваме за крајот на следната година.

Автор: Aleksandar Stankov