Спецификации и цени: iPhone 12 Pro Max ќе биде најголемиот iPhone досега!

Објавено на 01.09.2020 во Новости



Спецификации и цени: iPhone 12 Pro Max ќе биде најголемиот iPhone досега!

Се уште нема официјална најава од Apple, но веќе со нетрпение ги очекуваат корисниците новите модели на смартфони уште од следната недела. Најпопуларен модел веројатно ќе биде iPhone 12, а причината ќе биде цената од 699 долари за моделот со 128GB меморија или 799 долари со 256GB меморија.

iPhone 12 Max е поскап за 100 долари и ќе биде достапен за 799/899 долари, при што разликата меѓу двата модела ќе биде големината на екранот: 5,4-инчен и 6,1-инчен дисплеј, соодветно. Двата модела ќе бидат со OLED дисплеи и две задни камери - класична резолуција од 12MP и ултраширока камера. Споредб бројот на мегапиксели не може да се споредува со бројни Android-и, но на страницата Tom`s Guide се објаснува дека главната камера ќе има поголем сензор, што значи дека можеме да очекуваме уште подобри и поквалитетни фотографии. Освен по големината на екранот, разликата меѓу овие два модела би требало да биде и во засекот.

Почетната цена на Pro моделот би требало да изнесува 999 долари за 6,1-инчениот модел, додека iPhone 12 Pro Max ќе биде 1100 долари за основната верзија со 128GB меморија и со 512GB ќе биде 1400 долари.

Pro моделите ќе се разликуваат големината на екранот, Pro Max ќе биде најголемиот iPhone досега со 6,7 инчен дисплеј, само не знаеме дали ќе има најдобра фреквенција за освежување на екранот во споредба со обичните модели на iPhone 12. Сите четири модели ќе бидат со најновиот A14 Bionic процесор со 5G поддршка.