Samsung тизер за Galaxy Z Fold 2 од Thom Browne едицијата

Објавено на 01.09.2020 во Новости



Samsung тизер за Galaxy Z Fold 2 од Thom Browne едицијата

Уште малку време остана додека да излезе официјално Samsung Galaxy Z Fold 2, кој ќе биде со додавката Thom Browne Edition. Во меѓувреме јужнокорејската компанија објави тизер на својот официјален YouTube канал, кој може да го погледнете одоздола:

Новиот смартфон на преклоп ќе биде прекрасен и ќе има комбинација од линии со бои и сива подлога. Од овој модел се очекува да овозможи одлично искуство при користењето и да добиете одлични спецификации. Новиот модел на Thom Browne Galaxy Z Flip чинеше 2.480 долари, што е за 1.380 долари повеќе во споредба со стандардниот Z Flip. Се очекува од новиот Browne премиум модел да надмине цена од 3.000 долари.