Официјално Samsung Galaxy Z Fold 2: Флексибилност и уникатно искуство со камерата

Објавено на 01.09.2020 во Новости



Официјално Samsung Galaxy Z Fold 2: Флексибилност и уникатно искуство со камерата

Samsung ја започна новата ера со моделот Samsung Galaxy Fold, а потоа продолжи со Samsung Galaxy Z Flip. Сега отвара нова ера со значително подобрениот Galaxy Z Fold 2, кој го има најдоброто во себе досега. 

Уникатно искуство

Акцентот кај флексибилниот смартфон на Samsung е што можете да фотографирате со широко отворен смартфон под висок агол и со мал агол. Опциите што ги нуди со своите два дисплеја е неверојатна. Флексибилниот модул е со цел корисниците да го извлечат максимумот од својот уред. Со Flex Mode може да се фотографирате селфи на удобен начин кога телефонот на пример е отворен под агол од 90 степени или пак комфортно да снимате Hyperlapse видео. 

Новиот Galaxy Z Fold 2 овозможува и ново искуство со камерата со Dual Preview, што овозможува истовремено користење на главниот екран и задниот екран, како и задната камера за селфи фотка со висока резолуција.

Освен тоа, камерата сега има Bright Night сензор што е за 1.65 пати поголем сензор за ноќно време од претходниот на Galaxy Z Fold, што ви овозможува за да добиете поживи слики со висока резолуција. 

Кога фотографирате или гледате видео на YouTube може да ги ротирате снимките како што ви одговара, затоа што моделот има Rotate опција за целоснио дисплеј и се оптимизира според вашата потреба. 

Задниот дисплеј изнесува 6.2 инчи и се однесува како екран за симултано да ги гледа сликите оној што го фотографирате. 

Дизајн

Со цел да се отстрани некорисната површина, отстранети се сите засеци и така е воведен Infinity-O дисплејот, кој овозможува камера вградена во еден мал круг на дисплејот. Рамките се сведени само на 27% од предниот панел, што овозможува да се добие целосен расклопен дисплеј од 7.6 инчи, во споредба со Galaxy Fold, кој имаше дисплеј од 7.3 инчи. 

Бои

Во соработка со глобалните експерти за бои, Samsung одлучил да ја воведе Mystic Bronze нијансата, со што сака да им понуди на своите фанови уникатно и екстравагантно надворешно искуство со боја што ќе биде неодолива. Производителот за крајно добар впечаток се одлучил за блескав финиш со цел телефонот, со цел да ја истакне автентичната убавина на бакарот. Ова е премиум бојата што ви дава особено задоволство кога телефонот ви е во раце. 

Мистично бронзената нијанса на боја е аплицирана кај сите најнови уреди на Samsung, со цел да се воспостави уникатен идентитет на брендот со топлина и комфорт. Изборот на бои освен мистично бронзената се: мистично црна боја, металик црвена, металик златна, металик силвер и металик сина боја. 

Мултитаскинг

Samsung Galaxy Z Fold 2 ќе ви биде цар за мултитаскинг со оглед на дисплејот што се отвара и станува голем како на таблет. Тоа ви овозможува да комуницирате полесно со повеќе луѓе одеднаш без разлика дали е виртуелна видео конференција или чатување со вашите пријатели или деловни партнери. 

Со Multi-Windows Tray лентата од десната страна може да додавате и да отварате втори и трети апликации на екранот и со тоа полесно да функционирате. 

Механизам

Разликата меѓу Galaxy Z Fold 2 и Galaxy Fold е во механизмот. Иновативниот механизам е цврст и не дозволува кршење или оштетување, а гарантира трајност, кој се нарекува Dual CAM механизам. 

Заклучок

Со отварањето на фабричката кутија ќе ги откриете професионалните AKG слушалки на смартфонот, кои овозможуваат неверојатен звук, додека полначот ви е со дата кабел C-to-C, што овозможува ултра брзо полнење, при што и слушалките ви се со кабел type-C. 

Општи спецификации

Samsung Galaxy Z Fold 2 располага со 7.6 инчен ZXGA Dynamic AMOLED Infinity Flex дисплеј, ултра-широка камера од 12MP, широкоаголна камера од 12MP, и телефото сензор од 12MP, со предна камера од 10MP. Имате капацитивен сензор за отпечатоци на прсти странично, како и технологија за препознавање на лице. 

Под хауба има 7нм 8-јадрен процесор, 12GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија, Fast Charging компатибилно со жица и безжично, Wireless PowerShare опција и поддршка за 5G технологија.