За Zoom нема криза - Корона периодот им донесе милијарди

Објавено на 01.09.2020 во Новости



За Zoom нема криза - Корона периодот им донесе милијарди

Како што се претпоставуваше Zoom е еден од шампионите и во време на криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19. Тоа го потврдуваат финансиските извештаи за вториот квартал од годинава кога бележат раст на приходите од импресивни 355% или вкупно 663 милиони американски долари.

Zoom во периодот на карантин и принудена работа од дома се наметна како едно од најдобрите решенија за видео и конференциски повици. Зголемениот број на корисници предизвика подобро котирање на акциите на берзата, како и проектирани приходи од речиси 3 милијарди долари до крајот на годината. 

Zoom е бесплатен за користење, но има и понапредни пакети со месечна претплата кои овозможуваат одржување на онлајн семинари, обуки и конференции и токму овие приходи ја прават разликата.