Poco X3 доаѓа за недела - Што може да очекуваме?

Објавено на 01.09.2020 во Новости



Poco X3 доаѓа за недела - Што може да очекуваме?

Pocophone суб-брендот на Xiaomi ќе ја продолжи праксата на лансирање на квалитетен смартфон во високата класа, па како и секогаш очекувањата за многу високи бидејќи се ближи 7 септември, кога официјално ќе биде лансиран Poco X3.

Главното подобрување кај Poco X3 моделот е тоа што ќе работи на најновиот осум-јадрен Snapdragon 732G процесор кој има поквалитетни перформанси и поддршка за 5G мобилна конекција.

Засега за Poco X3 е познато и дека ќе има главна камера на задната страна со четири сензори од кои примарниот ќе има 64 мегапиксели. Со пристојна цена до 300 евра овој модел може да биде еден од поатрактивните на пазарот.