Крилниот напаѓач на LG доаѓа за две недели

Објавено на 02.09.2020 во Новости



Крилниот напаѓач на LG доаѓа за две недели

LG Mobile веќе потврди дека на 14 септември односно за околу две недели од сега дека ќе одржи нов промотивен настан на кој се очекува да биде презентиран иновативниот "крилен напаѓач".

LG Mobile ќе продолжи со лансирање на иновативни смартфони со двоен екран. Концептот го предводи LG Wing кој ќе има стандарден преден екран, а помошниот ќе може да се извлече хоризонтално формирајќи ја буквата Т. 

LG Wing ќе има поддршка за 5G мобилна конекција, квалитетен осум-јадрен процесор и други адути.