Nokia 2.4 ќе биде поголем и помоќен од претходникот

Објавено на 02.09.2020 во Новости



Nokia 2.4 ќе биде поголем и помоќен од претходникот

HMD Global наскоро би можел да го претстави новиот Nokia 2.4 како дел од новата група на смартфони со ниски цени, овој пат поголем и помоќен од неговиот претходник.

Nokia 2.4 според досега достапните информации ќе има поголем 6.5 инчен дисплеј, ќе работи со новиот осум-јадрен Helio P22 процесор идеален за оваа основна класа, со двојна главна камера на задната страна, како и 5 мегапикселна селфи камера.

Исто така Nokia 2.4 ќе понуди скенер за отпечатоци на задниот дел на телото, поголема батерија со капацитет од 4800 mAh, релативно брзо полнење од 10W, како и Android 10 оперативен систем.