Samsung го најави Galaxy A42 најевтиниот 5G смартфон

Објавено на 02.09.2020 во Новости



Samsung го најави Galaxy A42 најевтиниот 5G смартфон

Samsung Mobile без голема помпа ги најави новиот смартфон од средната класа Galaxy A42 кој всушност е нивниот најевтин модел досега со поддршка за 5G мобилна конекција.

Samsung Galaxy A42 ќе понуди 6.6 инчен Super AMOLED дисплеј со 2K HD резолуција, четири сензори на задната страна на камерата, батерија со капацитет од 5000 mAh и Android 10 оперативен систем.

Се очекува цената на Samsung Galaxy A42 5G да изнесува под 500 евра на пазарите во Европа веќе наесен кога ќе има и повеќе детали за техничките спецификации.