iPhone телефонот ќе ви каже ако сте имале контакт со заразен

Објавено на 03.09.2020 во Новости



iPhone телефонот ќе ви каже ако сте имале контакт со заразен

Apple има подобрена верзија на софтверот за следење на КОВИД-19 пандемијата со тоа што сега корисниците преку нивниот iPhone телефон ќе може да добиваат нотификација доколку биле во контакт со заразен.

Софтверот работи на доброволна основа и не е потребно да инсталирате никаква апликација бидејќи тракерот за корона вирусот е дел од самата надградба за iOs 13.5 оперативниот систем.

Главната идеја на КОВИД-19 тракерот е да ги добие соодветните податоци почитувајќи ја приватноста на корисниците.

Единствена цел е преку скенирање на Bluetooth на останатите мобилни уреди да следи кој бил во контакт со заразено лице со корона вирусот, за потоа да може веднаш да се тестира и да ги преземе соодветните мерки.

Овој софтвер е изработен во соработка со Google, па така истата вградена опција до крајот на месецот ќе ја имаат и корисниците на Android.

 





Прочитајте повеќе: