Nokia 2.1 добива значајна надградба со Android 10

Објавено на 03.09.2020 во Новости



Nokia 2.1 добива значајна надградба со Android 10

HMD Global продолжува да се докажува како бренд кој е посветен на редовни и често софтверски надградби. Овој пат станува збор за една од најевтините смартфони Nokia 2.1 кој е надграден со Android 10.

Nokia 2.1 со Android 10 од Go Edition ќе ги добие најновите функции како што е Dark Mode низ целото мени на смартфонот.

Исто така Nokia 2.1 со новиот софтвер ги добива сите апликации на Google во скратена Go Edition верзија па така ќе заштеди на простор и уредот ќе функционира без никакви проблеми.