Само iPhone 12 Pro Max ќе има супер брз 5G
Објавено на 04.09.2020 во Новости
Според инсајдерски информации само еден модел на iPhone 12 годинава ќе има супер брз mmWave модем за поддршка на 5G мобилна конекција.
Тоа што се шири како информација е дека само iPhone 12 Pro Max ќе има mmWave модем. Останатите iPhone 12 модели ќе располагаат со понискиот 5G стандард sub-6.
Оваа стратегија се должи на тоа што само ограничен број на мобилни оператори имаа инфраструктура за поддршка на mmWave стандардот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.