Huawei Honor ќе го лансира гејмерскиот лаптоп Hunter
Објавено на 06.09.2020 во Новости
Honor, суб-брендот на Huawei, исто така ќе навлезе во PC сегментот, лансирајќи го својот прв гејмерски лаптоп Honor Hunter.
Веќе е потврдено дека на 16 септември ќе се одржи промотивен настан во Кина на кој ќе биде официјално претставен новиот гејмерски лаптоп Honor Hunter.
Засега нема детали за компонентите на Huawei Hunter освен дека ќе работи со осум-јадрен Intel i7 процесор со цена која нема да биде превисока туку достапна за поголема група на потрошувачи.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.