Со WhatsApp ќе може да префрлате пари и да плаќате

Објавено на 06.09.2020 во Новости



Со WhatsApp ќе може да префрлате пари и да плаќате

WhatsApp ќе ги прошири своите услуги за корисниците во делот на финансиите со новите амбициозни планови на Марк Цукерберг преку Facebook Pay платформата.

Корисниците на WhatsApp до своите контакти ќе може да префрлаат пари поврзувајќи ја нивната банкарска картичка која може да биде дебитна или кредитна. Оваа опција веќе се тестира во неколку големи држави каде WhatsApp има голема база на корисници.

Откако ќе ја внесете платежната картичка, вашите податоци ќе бидат запамтени од самиот систем и пред секоја трансакција ќе треба да направите авторизација преку различни методи. На овој начин WhatsApp ќе добие поголеми можности за монетизација, особено ако се овозможи директно поврзување на корисници и брендови и плаќање преку апликацијата за производи или услуги.

Амбицијата на Facebook е сите апликации кои ги поседуваат заедно со WhatsApp да имаат единствен систем на плаќање и пренос на средства за сите услуги кои ќе им се нудат на корисниците.