Што нуди новиот Honor Watch GS Prо?

Објавено на 07.09.2020 во Новости



Што нуди новиот Honor Watch GS Prо?

Honor суб-брендот на Huawei, лансираше нов смарт часовник кој треба да биде надополнување на големиот избор на смартфони со пониски цени но, квалитетни перформанси, па во тој дух се очекувањата и од новиот Honor Watch GS Prо.

Смарт часовникот Honor Watch GS Prо доаѓа со 1,39-инчен AMOLED дисплеј со кружна форма, има квалитетна изработка со алуминиум и поликарбонат, исполнува бројни MIL-STD-810G војнички стандарди за издржливост на надворешни услови, како и екстра батерија која со нормална употреба трае до 25 дена со едно полнење.

Honor Watch GS Prо има и можност за прием на аудио повици откако ќе го спарите со вашиот смартфон преку вградениот микрофон, може да читате пораки, а има доволно простор за огромен број на песни за слушање музика.

Софтверот на Honor Watch GS Prо и вградените фитнес сензори овозможуваат голем избор на режими за водење здрав живот и следење на виталните функции на корисникот. Наскоро очекуваме повеќе детали за неговата цена и пласман.