Сторито објавено на Instagram ќе се гледа и од Facebook

Објавено на 07.09.2020 во Новости



Сторито објавено на Instagram ќе се гледа и од Facebook

Facebook ќе направи нов чекор на синхронизација на сите апликации кои се во нивна сопственост, а овој пат планот е објавените „сториња“ да се гледаат и преку главната апликација на Facebook.

Корисниците веќе имаат можност сторито што го објавуваат на Instagram автоматски да биде објавено и на Facebook. Сега, идејата е се што ќе објавите како стори на Instagram да може да го гледаат вашите следбеници кои исто така ви се пријатели и на Facebook.

Тие кои не сте ги одобриле да ве следат на Instagram нема да може да го гледаат објавеното стори на Facebook иако таму ви се во листата на пријатели.

Автор: Aleksandar Stankov