Протече цело видео од Sony Xperia 5 II

Објавено на 07.09.2020 во Новости



Протече цело видео од Sony Xperia 5 II

Sony Mobile вообичаено успева да ги одржи во тајност новите проекти, но сега кога е во прашање следниот квалитетен смартфон Sony Xperia 5 II, тоа не е случај, бидејќи веќе протекоа голем број на детали, па дури и цело промотивно видео благодарение на докажаниот ликстер evleaks.

Sony Xperia 5 II ќе има напредна главна камера на задната страна, па така јапонскиот бренд овој смартфон ќе го промовира со квалитет кој може да се приближи и на професионалните фото апарати.

Sony Xperia 5 II ќе може да снима видео во забавена снимка со 4K HD резолуција при 120fps, ќе може да прави слики во серија со автофокус, а исто така ќе има одличен софтвер за уредување на слики и видеа.