Излезе најбрзиот пребарувач за Android

Објавено на 12.10.2011 во Новости



Излезе најбрзиот пребарувач за Android

 

Пребарувачот BOLT, за кој се вели дека најбрзо ги отвора страните од сите пребарувачи досега, сега е достапен во својата бета верзија и е подготвен за вашиот телефон со Android.
 
Тој нуди најбрзо отворање на веб-страни за уред со Android, дури 25 до 50% побрзо од своите конкуренти. Сотфверот поддржува опции како pinch-to-zoom, пребарување со типкање, auto-complete URL и т.н. социјални табови кои ќе ви помогнат во секој момент да бидете поврзани со вашите профили на социјалните мрежи.
 
Наводно пребарувачот BOLT ги отвора страните како и на вашиот десктоп компјутер, а со него нуди и видео поддршка за форматите како YouTube, ESPN, CNN доколку на вашиот телефон нема инсталирано поддршка за Flash или HTML5.
 
BOLT ви овозможува да снимате веб-страни и фотографии и да ги користите offline. 
 
Тој е веќе бесплатно достапен за Android Market и работи на Android 2.1 или понова верзија.
 




Прочитајте повеќе: