Претставен HarmonyOS 2.0

Објавено на 10.09.2020 во Новости



Претставен HarmonyOS 2.0

HarmonyOS 2.0 SDK за паметните телевизори, часовници и автомобили ќе почне со работа од утре, додека верзијата за смартфони ќе биде објавена кон крајот на декември. Huawei го претстави и OpetHarmony проектот, што потсетува на AOSP (Android Open Source Project). Програмерите ќе можат да го користат многу брзо и ќе ги поддржува уредите што имаат само 128KB RAM меморија.

Од компанијата ја истакнуваат функционалноста на повеќе екрани, а додаваат дека дополнително ќе ја усовршат безбедноста, паметното активирање со гласот, како и брз трансфер на податоци од различните уреди!