Moto G9 Plus најавен како топ решение во средната класа
Објавено на 11.09.2020 во Новости
530x290_110920_111921.jpg)
Motorola Mobility го претстави новиот Moto G9 Plus како топ решение во средната класа со оглед на неговата цена од 400 евра и многу напредните перформанси со квалитетен и привлечен дизајн.
Moto G9 Plus доаѓа со 6.8 инчен FullHD + Max Vision дисплеј, работи со осум-јадрен Snapdragon 730G процесор што значи дека ќе има поддршка и за 5G мобилна мрежа, располага со 4 GB RAM, 128 GB меморија, слот за microSD картичка, 3.5mm аудио влез и батерија со капацитет од 5000 mAh.
Новиот Moto G9 Plus исто така нуди 16 мегапикселна селфи камера и главна камера со четири сензори од кои примарниот има 64 мегапиксели.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.