Дали со Facebook Campus Цукерберг се враќа на корените?

Објавено на 12.09.2020 во Новости



Дали со Facebook Campus Цукерберг се враќа на корените?

Facebook воведува нова функција наречена Campus која ќе функционира одвоено од главната апликација и ќе биде наменета само за студенти од одреден факултет или колеџ.

Пред десетина години социјалната мрежа на основачот Марк Цукерберг започна да се шири од Харвард до другите американски колеџи, а потоа и во престижните меѓународни високообразовни институции. 

Сега Facebook Campus ќе овозможи споделување на информации и содржини меѓу колегите на факултет и интеракција.

Засега функцијата е достапна за педесетина американски колеџи и универзитети, а потоа се очекува да биде лансирана и глобално но, за такво нешто се уште нема конкретни детали.