Кинезите не сакаат да бидат понижени со продажба на TikTok

Објавено на 12.09.2020 во Новости



Кинезите не сакаат да бидат понижени со продажба на TikTok

Според неофицијални извори од кинеската влада постои голем отпор за да се дозволи продажба на мобилната апликација TikTok под ултиматумот кој го постави администрацијата на претседателот Трамп.

Условите кои ги постави американската влада д до 15 септември компанијата Bytedance која го поседува TikTOk да ја продаде апликацијата на некоја американска компанија за што сериозен интерес веќе покажаа Microsoft и Oracle.

Во спротивно Трамп ќе воведе санкции против TikTok и забрана за употреба во САд и најверојатно притисок истото да го сторат и сојузниците од Западот.

Кинеските челници неофицијално велат дека не сакаат да дозволат продажба на TikTok бидејќи така Кина ќе изгледа слаба во очите на светот попуштајќи под притисокот на Трамп.