Драмата продолжува - TikTok го одби Microsoft

Објавено на 15.09.2020 во Новости



Драмата продолжува - TikTok го одби Microsoft

TikTok ја одби понудата за преземање од страна на Microsoft и има уште неколку дена да одлучи дали ќе го прифати ултиматумот на претседателот Доналд Трамп.

Преговорите за преземање се уште се активни со компанијата Oracle, а рокот е до 20 септември. Ако и тогаш TikTok нема американски сопственик ќе се активира забраната за оваа апликација на територијата на САД. 

Трамп смета дека TikTok која е во сопственост на кинеската компанија Bytedance пренесува информации за корисниците до владата на Кина иако ова тврдење го негираат двете страни.