Времето лета, ама побавно за iPhone 12

Објавено на 15.09.2020 во Новости



Времето лета, ама побавно за iPhone 12

Apple денес ќе го одржи големиот есенски промотивен настан но , тој ќе биде многу различни од тоа што досега сме навикнати најмногу поради влијанието на КОВИД-19 пандемијата.

Според досегашните информации и мотото на настанот "Времето лета" сосема сигурно е дека ќе биде промовиран новиот смарт часовник Apple Watch 6 кој ќе има нови сензори за подобрување на здравјето на корисниците.

Исто така ќе биде претставен и новиот таблет Apple iPad Air 4 како и целосна демонстрација на новите софтверски решенија и мултимедијални услуги под Apple One претплатата.

Сепак, тоа што нема да го видиме е промоција на новите iPhone 12 смартфони кои најрано би биле претставени следниот месец.





Прочитајте повеќе: