Какво изненадување подготвува Samsung за фановите?

Објавено на 15.09.2020 во Новости



Какво изненадување подготвува Samsung за фановите?

Samsung подготвува ново изненадување за сите фанови со новиот настан кој го закажа за 23 септември насловен како Galaxy Unpacked for Every Fan.

Иако во официјалната покана за сите фанови нема многу детали, според играта на зборовите се претпоставува дека на 23 септември ќе бидат претставени новите Fan Edition модели на Samsung Galaxy S20 серијата.

Samsung воспостави пракса на отприлика шест месеци по лансирањето на премиум моделите да пушти во продажба Fan Edition верзии кои имаат пониски цени, а притоа смартфоните работат со идентичен процесор и моќни перформанси.

Досега излегоа голем број на информации за Samsung Galaxy S20 Fan Edition според кои смартфонот ќе има моќен хардвер, 6.5 инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 2400 х 1080 пиксели, ќе има главна камера со четири сензори, а со 4G конекција ќе се стигне и до многу пониска цена во однос на неговиот премиум "брат".

Настанот на 23 септември се одржува онлајн и може да го проследите на samsung.com од 16 часот.