Apple фокусиран на новите смарт часовници, прв пат и Watch SE

Објавено на 16.09.2020 во Новости



Apple фокусиран на новите смарт часовници, прв пат и Watch SE

Apple за прв пат септемвриската промоција ја посвети единствено на новите смарт часовници и овој пат изостана презентација на новите iPhone 12 смартфони.

Премиум моделот Apple Watch 6 има подобрени сензори за следење на работата на срцето, количината на кислород, шемите на спиење и фитнес активностите.

Apple Watch 6 исто така има нови ременчиња и поголем избор на бои како црвена, жолта и сива со различни стилови. Часовникот располага и со нов процесор кој е за 20% побрз и поефикасен и побрзо ја полни батеријата.

Почетната цена на Apple Watch 6 изнесува 399 долари а најскапата верзија чини 429 долари.

За прв пат добиваме и Apple Watch Special Edition верзија која има нешто поскромни карактеристики, но не да се користи за фитнес и поврзување со смартфон почетната цена на Apple Watch SE изнесува 279 долари.



Прочитајте повеќе: