Huawei доби сертификат за Mate 40 Pro, но лансирањето ќе почека?

Објавено на 16.09.2020 во Новости



Huawei доби сертификат за Mate 40 Pro, но лансирањето ќе почека?

Huawei по долго чекање уште од јули доби сертификат за новиот премиум фаблет Mate 40 Pro за внатрешни компоненти за поврзување на мрежи.

Сепак, иако се обезбедени главните сертификати Huawei се уште има дилеми дали воопшто ќе го лансира фаблетот Mare 40 Pro на глобално ниво поради предизвикот да обезбеди чипсети од стандардните партнери кои најверојатно ќе мора да ги надомести од сопствено производство.

Нема сомнеж дека Huawei Mate 40 Pro ќе биде супер моќен фаблет, но останува да се види во каква форма ќе биде лансиран.