Без грижи, нема да се наплаќаат линкови на Instagram

Објавено на 16.09.2020 во Новости



Без грижи, нема да се наплаќаат линкови на Instagram

Instagram ги уверува корисниците дека нема никакви планови да воведе опција за поставување на линкови под постовите кои би се плаќале за да бидат активни.

Систем за хиперлинкови под слики и видеа бил планиран во 2016 од страна на Facebook како сопственик на Instagram за што е поднесен и патент.

Тогаш планот бил за да се активира хиперлинк во описот на постот корисникот да плати најмалку 2 долари. Засега Instagram нема такви намери.

Од друга страна објавувачите и немаат многу можности за поставување на линкови. Потврдените профили за што постојат високи критериуми може да ставаат линкови за промоција на производи и страни во нивното стори.