Официјално пуштен во употреба iOs 14 со многу измени

Објавено на 17.09.2020 во Новости



Официјално пуштен во употреба iOs 14 со многу измени

Apple по неколку месеци на тестирање конечно и официјално го пушти во употреба новиот оперативен систем iOs 14 кој носи големи измени во организација на главното мени и панелите со икони.

Со iOs 14 корисниците ќе може да креираат виџети на почетниот екран со дијагонала повеќе алатки кои најчесто ги користат. Исто така има опција и за групирање на апликации според категории на пример социјални мрежи, апликации за фитнес, мултимедија и итн.

Во новата верзија на iOs 14 ќе може да одберете друг интернет прелистувач наместо Safari како и за е-маил клиент. Меѓу новитетите е и мултитаскинг при видео повици, режим на работа слика во слика и многу други.





Прочитајте повеќе: