Првиот тест на iPhone 12 Max покажа минимални подобрувања

Објавено на 17.09.2020 во Новости



Првиот тест на iPhone 12 Max покажа минимални подобрувања

Apple се уште го нема претставено новиот iPhone 12 Max, но на настанот Time Flies го најави новиот процесор A14 за кого тврди дека ќе има за 20% побрзи и поефикасни перформанси во однос на претходникот.

Првиот тест на iPhone 12 Max покажа дека подобрувањето ќе биде минимално. iPhone 12 Max постигна 572 илјади поени на севкупното тестирање што значи дека има за 16% подобро перформанси.

Тие се однесуваат пред се на ефикасното користење на енергијата, наместо во сирова брзина, што значи дека iPhone 12 Max иако ќе има минимално подобрување сепак, ќе биде со поиздржлива батерија.