Која ќе биде цената на Xiaomi Mi 10T Pro во Европа?

Објавено на 18.09.2020 во Новости



Која ќе биде цената на Xiaomi Mi 10T Pro во Европа?

Xiaomi наскоро во Европа ќе го лансира новиот моќен смартфон од високата класа Xiaomi Mi 10T Pro кој ќе чини околу 700 евра. Ова е под вообичаените 1000 евра кои треба да ги дадете за премиум модел, но и не е рекордно евтино во споредба со некои модели од минатото кои чинеле и по 500 евра.

Xiaomi Mi 10T Pro ќе биде топ уред со импресивна стапка на освежување на сликата од 144Hz, ќе работи со најмоќниот осум-јадрен Snapdragon 865 процесор, ќе има батерија со капацитет од 5000 mAh и екстра брзо полнење на батеријата како и камера на задната страна со четири сензори.