Samsung Galaxy F серијата ќе се фокусира на камерата

Објавено на 19.09.2020 во Новости



Samsung Galaxy F серијата ќе се фокусира на камерата

Samsung Mobile официјално најави дека ќе лансира целосно нова Galaxy F серија која ќе биде фокусирана на камера со цени кои прилегаат на средната класа.

Со мотото Full On наскоро се очекува да биде лансирана првиот модел Galaxy F41 со тројна главна камера на задната страна составена од примарен сензор од 64 мегапиксели и два помошни со широка и телефото леќа.