TikTok ќе се спаси од забраната на Трамп

Објавено на 20.09.2020 во Новости



TikTok ќе се спаси од забраната на Трамп

TikTok најверојатно ќе успее да се спаси од забраната на претседателот Трамп со нов договор кој ќе ги задоволи сите страни, а ќе има голем бенефит за корисниците во САД.

Кинеската компанија Butedance ќе формира нова управа наречена TikTok Global во која акции ќе купат Oracle и Walmart вредни 12 милијарди долари. Мнозинството на директори ќе бидат американци, додека пак TikTok ќе донира над 4 милијарди долари во образованието на САД.

Иако Oracle и Walmart ќе поседуваат околу 20% од акциите со лансирање на берза ќе се овозможи влез и на други американски инвеститори од вкупната вредност на акциите од 60% милијарди долари.

Сите податоци ќе се чуваат на серверите на Oracle Cloud, додека пак комерцијалното претставување на TikTok ќе се одвива и преку синџирите на Walmart. Трамп истакна дека дал благослов да се постигне ваков договор и планираната забрана која требаше да стапи на сила денес е одложена за една недела.

Автор: Aleksandar Stankov