Xiaomi ќе го лансира најевтиниот смартфон со 108 MP камера

Објавено на 20.09.2020 во Новости



Xiaomi ќе го лансира најевтиниот смартфон со 108 MP камера

Xiaomi планира наскоро да го лансира најевтиниот смартфон со 108 MP камера за да привлече поголем број на купувачи во средната класа со вака напреден адут.

Станува збор за продолжение на Xiaomi Mi 10 серијата, но овој пат наменета за поширокиот пазар со оглед на тоа што цената на овој модел со 108 мегапикселна камера ќе биде многу пониска и ќе се движи до 400 евра.