Пропадна првиот обид на Трамп да го забрани WeChat

Објавено на 21.09.2020 во Новости



Пропадна првиот обид на Трамп да го забрани WeChat

Пропадна првиот обид на американскиот претседател Доналд Трамп да ја блокира кинеската апликација за мобилни трансакции и допишување WeChat откако група на корисници ја оспорија наредбата пред судот.

Судијата од Сан Франциско, Лорел Билер изјави дека забраната за оваа апликација покренува сериозни прашања во врска со Првиот амандман на американскиот Устав, кој гарантира слобода на говор, пренесува Би-Би-Си.

Таа го блокираше барањето на Министерството за трговија до Apple и Google да го сопре преземањето на апликацијата до вечерва.

Случајот се појави на суд откако група корисници на „WeChat“ во Соединетите држави ја оспорија извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, кој се обиде да ја затвори апликацијата во земјата.

Министерството за правда тврди дека блокирањето на наредбата може „да ја запре и наруши одлучноста на претседателот да се справи со заканите по националната безбедност“.

Билер одговори дека „иако доказите за закани по националната безбедност поврзани со Кина (во смисла на технологија и мобилни комуникации) се огромни, има малку докази во врска со „WeChat“, пренесува Гласот на Америка.

Министерот за трговија Вилбур Рос изјави дека одлуката за блокирање на апликацијата е донесена со цел да се бори против „кинеското злонамерно собирање лични податоци на американски граѓани“.